социјална заштита - Специјален Завод
Специјален завод Демир Капија
Грижата за децата и лицата со попреченост во системот на социјалната заштита, се обезбедува преку развиениот систем на институционална заштита и одреден број на вонинституционални форми на заштита како што се дневни центри, згрижувачки семејства и станбени заедници за организираното живеење со поддршка.
социјална заштита-Специјален Завод-Опис
Александра Велковска
Директор
Адреса: ул. „Маршал Тито“ бр. 11, 1442 Демир Капија
Тел: +389 (0)43 366 237
e-mail: jusz-dk@mtsp.gov.mk
ЈУ Специјален Завод Демир Капија е установа за сместување на лица со пречки во менталниот развој која обезбедува: сместување, згрижување, здравствена заштита, рехабилитација, работна и окупациона терапија, во согласност со способностите на корисниците и здравствената состојба. (чл. 126 од Закон за социјална заштита). Во делот на социјалната област, спаѓа под надлежност на ЈУ МЦСР Неготино.
Установата располага со следната површина:
Оддел здравство: 8.177 м²
- Зграда 1: 960 м²,
- Зграда 2: 960 м²
- Зграда 3: 4610 м²
Исто така, установата располага и со земјоделско земјиште (лозов насад - 6,3 ха и овоштарник - 2 ха), лоцирано во областа Ергела.
Во склоп на Установата се наоѓа административна зграда во која има вкупно 10 простории (управа и канцеларија на социјален работник), каде што функционира одделот административни работи и помошно- технички работи.
Службата за сместување, нега, здравствена заштита и рехабилитација (Оддел здравство) е организирана во 3 Оддели:
- Оддел за лица со тешки пречки во менталниот развој кој располага со 4 апартмани (А1, А2, А3, А4 ) и секој апартман има по 4 спални соби, 4 дежурни простории за негователите и 4 тоалети.
- Одделот за лица со најтешки пречки е поделен во две Одделенија каде што во Б1 има 6 спални соби и една дежурна просторија за негователите, Б2 има * спални соби за корисниците, дневен простор за корисниците, дежурна просторија за негователите и 4 тоалети.
- Оддел за лица со најтешки пречки во менталниот развој и комбинирани пречки во кој има две Одделенија Ц1 и Ц2 и во секое одделение има по 4 спални соби, 4 дневни простории, 4 дежурни простории за негователите и 4 тоалети.
Во оваа зграда има еден магацин, рентген просторија, сала за физикална терапија, дефектолошка работилница, 1 амбуланта, 1 просторија за медицински сестри, просторија за лаборант, аптека, просторија за лекар, 2 магацински простории и тераса.
Службата за рехабилитација, работна и окупациона терапија и работно – производна активност (пододдел Нов објект) располага со следните простории: 1 просторија за раководител на одделот, 2 дефектолошко - воспитни работилници, 1 амбуланта, 1 стоматолошка ординација, простор за перална, сушари, дневен престој (трпезарија) за корисниците, 1 просторија за индивидуален третман. Службата е поделена на 6 апартмани со 6 простории за дневен престој каде што престојуваат корисниците. Во одделот секој апартаман има по 4 спални соби, сала за физикална терапија и 1 просторија за парните котли.
социјална заштита-Специјален Завод-организација
Организација на работата
Установата својата дејност ја реализира низ следните служби:
1. Служба за административни работи и помошно- технички работи
-
Оддел за административни работи и управување со човекови ресурси
-
Оддел за помошно технички работи
-
Оддел економија
2. Служба за сместување, нега, здравствена заштита и рехабилитација
-
Оддел за лица со тешки пречки во менталниот развој
-
Оддел за лица со најтешки пречки
-
Оддел за лица со најтешки пречки во менталниот развој и комбинирани пречки
3. Служба за рехабилитација, работна и окупациона терапија и работно – производна активност
Сите активности во Службите се реализираат во период од 24 часа од кои период за активно ,,живеење“ на корисниците е периодот од 05:00 часот наутро до 17:30 часот кога и започнува ноќниот одмор.
Активностите со корисниците се реализираат од страна на повеќе стручни профили преку следниве сегменти :
- Здравствена заштита - медицински сестри, лаборант, физиотерапевти и лекари – надворешни консултанти
- Нега и хигиена на корисниците - негователи
- Рехабилитационо - корективен третман, работна окупација и работнопроизводна дејност - дефектолог, воспитувач, инструктор 4. Социјална заштита- социјален работник
- Одржување на просториите- техничко - помошен персонал и хигиеничарки
социјална заштита-Специјален Завод-Структура
Структура на кадар
Вкупниот број на вработени во Установата изнесува 125 лица, од кои стручниот кадар го сочинуваат 19 лица, и административно-технички и помошен кадар – 106 лица.
Структурата на стручниот кадар е следна: дефектолог - 6, социјален работник - 1, воспитувачи - 3, физиотерапевт – 5, инструктори – 4.
Од административно-технички и помошен кадар најмногу се застапени негуватели - 52, мед.сестри – 16, лаборант – 1, а останатите 37 лица (правник, 2 дипломирани економисти, 1 економист-4 ти степен, книговодител, архивар и 2 технички секретар, 9 хигиеничарки, 5 готвачи, 2 сервирки, 4 чувари, 1 возач, 4 перачи, 1 бравар, 1 електричар, 2 домаќини).
Хуманост- Здружение за поддршка и развој
Здружение за поддршка и развој - ХУМАНОСТ подружница Демир Капија
Здружението за поддршка и развој - ХУМАНОСТ Демир Капија во партнерство со Општина Демир Капија ја воспостави услугата помош и нега во домот, во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги од страна на Министерството за труд и социјална политика.
Хуманост-Опис
Елена Димитриева Стојанова
Координатор на проект
Адреса: ул. „11 Октомври“ б.б., 1442 Демир Капија
e-mail: humanas.demirkapija@gmail.com
Услуги:
- Помош и нега во домот
- Живеење со поддршка
Хуманост-Помош и нега во домот
ПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ
Здружението за поддршка и развој - ХУМАНОСТ Демир Капија во партнерство со Општина Демир Капија ја воспостави услугата помош и нега во домот на територијата на Демир Капија од 06.09.2021., во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги од страна на Министерството за труд и социјална политика.
Со услугата помош и нега во домот се обезбедува помош во вршење на основни и инструментални активности од секојдневниот живот до 80 часа месечно, за лица со намален функционален капацитет кои не можат да се грижат за себе, со цел да се оспособи корисникот за само-помош, односно да ја врати, стекне или одржи способноста самиот себе да се грижи, да продолжи да живее во својот дом.
Корисници на услугата помош и нега во домот се:
- Лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен
- Потполно слепи лица
- Стари лица со навршени 65 години живот
- Други лица со намален функционален капицитет кои не можат сами да се грижат за себе
Корисници на услугата помош и нега во домот во општина Демир Капија има 26, со тоа што се опфатени и корисници од околните села – Бистренци, Корешница и Чифлик.
Социјалната услуга помош и нега во домот се дава по претходно поднесено барање до Центар за социјална работа Неготино.
Кон барањето за барателот на услугата се поднесува следната документација:
- важечка лична карта за државјанин на Република Северна Македонија,
- дозвола за постојан престој на странецот, како и за брачен другар, родители, деца и/или други роднини со кои живее во заедничко домаќинство;
- мислење од матичен лекар за потребата од помош и нега при остварување на основни активности во домот со пополнет образец „Индекс Кац на независност во остварување на активностите од секојдневниот живот“;
- отпусно писмо со специјалистички извештај и/или друга медицинска документација и/или наод и мислење за видот и степенот на попреченоста за барателот и неговиот брачен другар, родителите, децата и/или други роднини со кои живее во заедничко домаќинство;
- изјава дадена пред нотар, или пред службено лице во Центарот дека нема склучено договор за доживотна издршка, односно покренало постапка за раскинување на склучен договор за доживотна издршка.
Непосредни даватели на услугата се 12 негувателки кои имаат поминато посебна програма за образование на возрасни и се стекнати со сертификат за негувателка на стари лица. Здружението за поддршка и развој – ХУМАНОСТ – Подружница Демир Капија во соработка со Општина Демир Капија, организираат настани и креативни работилници со цел да се овозможи поголема социјализација на крајните корисници.
Хуманост-Живеење со поддршка
Живеење со поддршка
Услугата - Живеење со поддршка се обезбедува во станбени единици во вид на 24 - часовна поддршка.
Степенот на намаленост на функционалниот капацитет за остварување на основните активности се проценува со користење на инструментот КАЦ ИНДЕКС, од страна на матичен лекар, како и МИСЛЕЊЕ ОД СТРУЧНО ЛИЦЕ ЗА ПОТРЕБАТА ОД ПОДДРШКА.
Остварувањето на услугата - живеење со поддршка се врши на барање на корисникот или од страна на центарот за социјална работа врз основа на резултатите од извршената проценка. Барањето се доставува до месно надлежниот центар за социјална работа заедно со:
- Важечка лична карта
- Наод и мислење за видот и степенот на попреченост на барателот
- Изјава дадена пред нотар или службено лице од центарот дека нема склучено договор за доживотна издршка, односно покренало постапка за раскинување на склучен договор за доживотна издршка.