социјална заштита-Специјален Завод-организација

Организација на работата

 

Установата својата дејност ја реализира низ следните служби:

1. Служба за административни работи и помошно- технички работи

  • Оддел за административни работи и управување со човекови ресурси

  • Оддел за помошно технички работи

  • Оддел економија

​2. Служба за сместување, нега, здравствена заштита и рехабилитација

  • Оддел за лица со тешки пречки во менталниот развој

  • Оддел за лица со најтешки пречки

  • Оддел за лица со најтешки пречки во менталниот развој и комбинирани пречки

3. Служба за рехабилитација, работна и окупациона терапија и работно – производна активност

​Сите активности во Службите се реализираат во период од 24 часа од кои период за активно ,,живеење“ на корисниците е периодот од 05:00 часот наутро до 17:30 часот кога и започнува ноќниот одмор.

 

Активностите со корисниците се реализираат од страна на повеќе стручни профили преку следниве сегменти :

  1. Здравствена заштита - медицински сестри, лаборант, физиотерапевти и лекари – надворешни консултанти
  2. Нега и хигиена на корисниците - негователи
  3. Рехабилитационо - корективен третман, работна окупација и работнопроизводна дејност - дефектолог, воспитувач, инструктор 4. Социјална заштита- социјален работник
  4. Одржување на просториите- техничко - помошен персонал и хигиеничарки