Основно образование

Основно образование

Образование - габерот

ДИМЧЕ АНГЕЛОВ ГАБЕРОТ

ООУ "Димче Ангелов Габерот"

е основано во 1970 година, со површина од 2.980 м2 и е единствено основно општинско училиште во Општина Демир Капија. Располага со 12 училници, 5 кабинети, 6 канцелариски простории, 3 административни простории, библиотека, 2 простории за технички персонал и 2 помошни простории.

Образование - опис

МЕНЧА НИКОЛОВА

Директор

Адреса: ул. „Маршал Тито“ бр. 11, 1442 Демир Капија
Тел: +389 (0)43 366 202
e-mail: gaberot_dkapija@yahoo.com
ou-dimcheangelovgaberot-demirkapija@schools.mk

 

Подетални информации и документи на:
www.ooudimceagaberot.eu.mk

@gaber.dk

ООУ „Димче А. Габерот“ се наоѓа во центарот на градот, што овозможува одлична пристапност, комуникација и блиска поврзаност со општинскиот центар и останатите објекти од заеднички интерес за учениците и граѓаните.

Во склоп на училишниот комплекс е и зградата на поранешниот училишен интернат која во 2012 год. е целосно реконструирана и преадаптирана за реализација на настава. Исто така, училиштето располага со спортска сала и спортски терени.

Училиштето го слави 12 мај како патронен празник. Работи во една смена, а наставата се одвива на македонски и турски јазик (во подрачното училиште во с. Челевец). Во подрачните училишта наставата се реализира во чисти и комбинирани паралелки од прво до петто одделение.

Во соработка со ОУЦР „Маца Овчарова“ - Велес, за децата со посебни образовни потреби се ангажирани 4 образовни асистенти.

Образование - персонал

Персонал

Вкупен број на вработени: 52

Вкупен број на наставници: 39​

  • Мажи: 12
  • Жени: 27

Одделенски наставници: 16

Предметни наставници: 23

Националност:

  • македонци: 34
  • срби: 3
  • турци: 2

Стручна служба: Педагог, психолог и библиотекар

 

Ученици

Вкупен број на ученици: 326

  • Машки: 160
  • Женски: 166 

Вкупен број на паралелки: 24 

      (20 чисти и 4 комбинирани паралелки)

Националност

  • Македонци: 226
  • Турци: 70
  • Роми: 8
  • Срби: 18
  • Друго: 3

Образование - подрачни училишта

Подрачни училишта

  • ПУ с. Корешница (3 училници; 49 ученици, распределени во 5 паралелки од прво до петто одделение)
  • ПУ с. Бистренци (2 училници; 14 ученици, распределени во 2 комбинирани паралелки од прво до петто одделение)
  • ПУ с. Прждево (2 училници; 4 ученици, распределени во 1 комбинирана паралелка од прво до петто одделение)
  • ПУ с. Челевец (2 училници; 6 ученици, распределени во 1 комбинирана паралелка од прво до петто одделение)