за општината - мисија
Мисија на општината
Демир Капија како општина со голем број на туристички атракции, со потенцијали за развој на земјоделството и еко-туризмот, како природна и еколошки чиста средина, се залага за обезбедување позабрзан и рамномерен социоекономски развој и подобрување на квалитетот на живеењето на локалното население.
Општина Демир Капија обезбедува ефикасни и ефективни услуги за граѓаните, приватниот сектор и граѓанските организации, притоа промовирајќи ја чистата средина, одржливи извори на енергија, алтернативен и еко - туризам и модерно земјоделие, преку користење на природните и човечките ресурси.
за општината - визија
Општина Демир Капија е атрактивен простор за инвестиции со изградена инфраструктура, еколошки чиста средина, развиен туризам и земјоделство, која ги користи своите природни потенцијали, со зголемен број на бизниси преку партнерство со приватниот сектор.
Демир Капија е привлечна дестинација за работа и живеење, со комплетна физичка инфраструктура, заштитена природна средина, активен алтернативен и еко - туризам како и промоција на модерно земјоделие.
за општината - грб и знаме
Врз основа на член 7 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р. Македонија“ бр. 52/95) и член 119 од Статутот на Општина Демир Капија („Сл. гласник на Општина Демир Капија“ бр. 2/97) Советот на Општина Демир Капија на седницата одржана на ден 22.12.1998 година донесе Одлука за утврдување на грб и знаме на Општина Демир Капија.
за општината - грб
Грб на Општина Демир Капија
Грбот на Општина Демир Капија е во форма на штит. Во основата на грбот во средината стилизирано е претставена Демиркаписката Клисура, реката Вардар, дел од железничката пруга, дел од автопатот и стариот (спореден) пат со тунелите. Во горниот дел од грбот доминира сонце со осум зрака. По страните на грбот во долната половина симетрично се поставени по еден лист од винова лоза со грозд. На долниот дел од грбот на црвена основа е испишано со црни букви - Демир Капија.
Контурите на грбот се со црна боја, исто и тунелите, железничката пруга, гроздовите се со црна боја. Карпите се со сива боја, патот е со кафена боја, небото и реката се со сина боја, лозовите листови се со зелена боја, а сонцето со зраците се со жолта боја.
за општината - знаме
Знаме на Општина Демир Капија
Знамето на Општина Демир Капија е со жолта боја. Во средишниот дел од знамето од десната страна е грбот на Општина Демир Капија. Односот на должината и ширината на знамето е 1:2.
за општината - надлежности
Надлежности на општината
Урбанистичко (урбано и рурално) планирање
- Издавање на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со Закон; уредување на просторот и уредување на градежното земјиште.
Заштита на животната средина
- Мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето; заштита на природата; заштита од бучавата и нејонизирачко зрачење.
Локален економски развој
- Планирање на локалниот економски развој; утврдување на развојните и структурните приоритети; водење на локална економска политика; поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекст, учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство.
Комунални дејности
- Снабдување со вода за пиење; испорака на технолошка вода; одведување и пречистување на отпадните води; јавно осветлувањем одведување и третман на атмосферските води; одржување на јавната чистота; собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад; уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници; снабдување со природен гас и топлинска енергија и други.
Култура
- Институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти; негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности; организирање културни манифестации; поттикнување на разновидни специфични форми на творештво.
Спорт и рекреација
- Развој на масовен спорт и рекреативни активности; организирање на спортски приредби и манифестации; одржување и изградба на објекти за спорт; поддршка на спортски сојузи.
Социјална заштита и заштита на децата
- Детски градинки и домови за стари лица (сопственост, финансирање, инвестиции и одржување); остварување на социјална грижа за инвалидните лица; деца без родители и родителска грижа; деца со воспитносоцијални проблеми; деца со посебни потреби; деца од еднородителски семејства; деца на улица; лица изложени на социјален ризик; лица засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол.
Образование
- Основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта, во соработка со централната власт, во согласност со Закон; организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови.
Здравствена заштита
- Управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост; здравствено воспитување; унапредување на здравјето; превентивни активности; заштита на здравјето на работниците и заштита при работа; здравствен надзор над животната средина; надзор над заразните болести; помош на пациенти со специјални потреби (на пример ментално здравје, злоупотреба на деца итн.) и други болести кои ќе бидат утврдени со Закон.
Заштита и спасување на граѓаните
- Спроведување на подготовки и преземање на мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разузнавања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.
Противпожарна заштита
- Противпожарна заштита што ја вршат територијалните противпожарни единици.
Надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност и други работи определени со закон
за општината - профил на општината
МЕСТОПОЛОЖБА
Лоцирана во светот
Лоцирана во Европа
Република Северна Македонија
Локација во Северна Македонија
(Вардарски плански регион)
Општина Демир Капија се наоѓа во јужниот дел на Република Северна Македонија, односно југоисточниот дел на Тиквешката Котлина на исклучително важна географско - стратешка положба. Во подредена смисла, под поимот Тиквешија се подразбираат рамнините од двете страни на реката Вардар, познати како Повардарие, почнувајќи малку северозападно од устието на Брегалница во Вардар на југоисток до устието на Бошавица, потоа долината на Црна Река од крајот и од Тиквешката клисура до вливот во реката Вардар, брановидните терени и речните долини кои се наоѓаат помеѓу реките Црна и Бошава, како и ниските наклонети делови на планините кои ја заградуваат долината од соседните области.
Градот се наоѓа на 115 метри надморска височина и е оддалечен 19 км јужно од Неготино, 29 км југоисточно од Кавадарци, 35 км северозападно од Валандово, 45 км северно од Гевгелија и 60 км југоисточно од Велес. Општина Демир Капија граничи со соседните општини: Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Валандово и Конче.
за општината - историја


Минатото на Демир Капија е поврзано со познатата живописна Демиркаписка Клисура, место од кое што почнувале и завршувале многу воени походи, место кое во различни периоди било граничник на повеќе владетели и место кое што било седиште на посебни феудални господари кои ја окупирале територијата и владееле со неа.
Најпрво се споменува населба која егзистирала околу тврдината, под името стар римски град Стене. По пропаста на Римското Царство, тврдината станува место за постоење на уште еден град кој бил наречен средовековниот Просек. За овој град има повеќе пишани податоци, особено оние поврзани со имињата на феудалните господари Добромир Хрс и Добромир Стрез. Со доаѓањето на Османлиите населбата во тврдината престанала да живее, месното население било раселено на ново место неколку километри на север и била наречена Бања, според топлите водени бањи кои на овој простор постојат од многу старо време. По катастрофалниот земјотрес во 7 и 8 март 1931 година населението од селото Бања било иселено на просторот кај железничката станица Демир Капија. Тука започнал нов живот, биле отворени неколку трговски и занаетчиски објекти, а подоцна било отворено и учулиште како и неколку стопански објекти.
Најголемиот дел од минатото на Демир Капија е поврзано со постојани војни и трауми кои ги доживувало месното население. Овој град бил окупиран и завладуван од повеќе владетели и тоа за време на многу кратки периоди. Поради тоа не било овозможено развојот на економскиот живот да добие поголеми размери, туку она што се произведувало било разграбувано од војските.
За време на петвековното владеење на Османлиите многу малку работи се промениле. Во тоа време Бања во кое живеело населението избегано од Просек, било претворено во крупен феудален посед на различни турски бегови. Заедно со тоа и населението било зависно од турските феудалци кои располагале со нивниот живот и слобода. Дури по протерувањето на Турците во 1912-1913 г. селото се ослободило од таа зависност и започнало да живее послободен живот. Но тоа траело кратко бидејќи по неколку години била воспоставена бугарска односно српска окупаторка власт.

Во Првата светска војна територијата на Демир Капија била освојувана од бугарско-германски и српско-англиски воени сили. Првата светска војна оставила пустош во градот. Последиците од неа се чувствувале долги години по неа. За време на Кралството Југославија 1919-1941 година економската состојба била лоша бидејќи никој не вложувал во ова подрачје.
Тогашното село било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.
Целиот период на Втората светска војна во Демир Капија изобилувал со крупни настани на воен план. Поради добрата геостратешка позиција тука бил сконцентриран значителен број на германска и бугарска војска. Борбите за населбата станале почести а посебно се прошириле во 1943 и 1944 година што придонело важноста на Демир Капија да биде од животно значење за повлекувањето на германските единици од Грција поради што населбата била претворена во вистинска неосвоива тврдина. По повлекувањето на Германците како и силните борбени дејствија на Македонците во 1944 година Демир Капија била ослободена.
По ослободувањето Демир Капија бележи подем особено во времето додека населбата била седиште на истоимената општина. Меѓутоа по укинувањето на општината и претворање на Демир Капија во обично седиште на Месна канцеларија растот бележи стагнација кој оставил негативни траги во севкупниот живот. Во 1996 година Демир Капија повторно го добива статусот на општина, со изборотна првиот градоначалник и првиот повеќепартиски општински совет, пулсот на животот повторно се вратил во овој град и покрај извонредно тешката економска ситуација настаната во 1990 година. Новото општинско раководство го вратилo развојот на позитивни почетни позиции.
за општината - демографски карактеристики
Демографски карактеристики
Вкупно население во Општина Демир Капија, по населени места (според Пописот од 2021)
Вкупно население во Општина Демир Капија, домаќинства и станови (според Пописот од 2021):
Вкупно население во Општина Демир Капија, по национална припадност (според Пописот од 2021):
