Хуманост-Живеење со поддршка

Живеење со поддршка

Услугата - Живеење со поддршка се обезбедува во станбени единици во вид на 24 - часовна поддршка. ​

Степенот на намаленост на функционалниот капацитет за остварување на основните активности се проценува со користење на инструментот КАЦ ИНДЕКС, од страна на матичен лекар, како и МИСЛЕЊЕ ОД СТРУЧНО ЛИЦЕ ЗА ПОТРЕБАТА ОД ПОДДРШКА.

Остварувањето на услугата - живеење со поддршка се врши на барање на корисникот или од страна на центарот за социјална работа врз основа на резултатите од извршената проценка. Барањето се доставува до месно надлежниот центар за социјална работа заедно со:

  • Важечка лична карта
  • Наод и мислење за видот и степенот на попреченост на барателот
  • Изјава дадена пред нотар или службено лице од центарот дека нема склучено договор за доживотна издршка, односно покренало постапка за раскинување на склучен договор за доживотна издршка.