Александра Велковска
Директор
Адреса: ул. „Маршал Тито“ бр. 11, 1442 Демир Капија
Тел: +389 (0)43 366 237
e-mail: jusz-dk@mtsp.gov.mk
ЈУ Специјален Завод Демир Капија е установа за сместување на лица со пречки во менталниот развој која обезбедува: сместување, згрижување, здравствена заштита, рехабилитација, работна и окупациона терапија, во согласност со способностите на корисниците и здравствената состојба. (чл. 126 од Закон за социјална заштита). Во делот на социјалната област, спаѓа под надлежност на ЈУ МЦСР Неготино.
Установата располага со следната површина:
Оддел здравство: 8.177 м²
- Зграда 1: 960 м²,
- Зграда 2: 960 м²
- Зграда 3: 4610 м²
Исто така, установата располага и со земјоделско земјиште (лозов насад - 6,3 ха и овоштарник - 2 ха), лоцирано во областа Ергела.
Во склоп на Установата се наоѓа административна зграда во која има вкупно 10 простории (управа и канцеларија на социјален работник), каде што функционира одделот административни работи и помошно- технички работи.
Службата за сместување, нега, здравствена заштита и рехабилитација (Оддел здравство) е организирана во 3 Оддели:
- Оддел за лица со тешки пречки во менталниот развој кој располага со 4 апартмани (А1, А2, А3, А4 ) и секој апартман има по 4 спални соби, 4 дежурни простории за негователите и 4 тоалети.
- Одделот за лица со најтешки пречки е поделен во две Одделенија каде што во Б1 има 6 спални соби и една дежурна просторија за негователите, Б2 има * спални соби за корисниците, дневен простор за корисниците, дежурна просторија за негователите и 4 тоалети.
- Оддел за лица со најтешки пречки во менталниот развој и комбинирани пречки во кој има две Одделенија Ц1 и Ц2 и во секое одделение има по 4 спални соби, 4 дневни простории, 4 дежурни простории за негователите и 4 тоалети.
Во оваа зграда има еден магацин, рентген просторија, сала за физикална терапија, дефектолошка работилница, 1 амбуланта, 1 просторија за медицински сестри, просторија за лаборант, аптека, просторија за лекар, 2 магацински простории и тераса.
Службата за рехабилитација, работна и окупациона терапија и работно – производна активност (пододдел Нов објект) располага со следните простории: 1 просторија за раководител на одделот, 2 дефектолошко - воспитни работилници, 1 амбуланта, 1 стоматолошка ординација, простор за перална, сушари, дневен престој (трпезарија) за корисниците, 1 просторија за индивидуален третман. Службата е поделена на 6 апартмани со 6 простории за дневен престој каде што престојуваат корисниците. Во одделот секој апартаман има по 4 спални соби, сала за физикална терапија и 1 просторија за парните котли.