Ве известуваме дека од 31.05.2023 до 01.06.2023, во период од 22:30 до 04:30 часот, се изврши ларвицидна и адултицидна дезинсекција против возрасни комарци и ларви од комарци, на територијата на Општина Демир Капија. Комарците се векторски преносители на заразни болести, кои со правилен третман може да бидат спречени да ја извршуваат таа функција.
Вести
- 01.06 2023Едукативна работилница за учениците од ООУ „Димче А. Габерот“ Демир Капија
Во поглед на Меѓународниот ден на децата, во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина „ЕКОСВЕСТ“ од Скопје, поддржан од Општина Демир Капија и ООУ „Димче А. Габерот“, беше одржана едукативна работилница за учениците од основното училиште. - 01.06 2023РС Македонија
Држава сместена на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа, една од наследничките држави на поранешна СФРЈ, од која прогласи независност во 1991 година. Зафаќа околу 38 % од вкупната површина на регионот Македонија. - 31.05 2023Јавен час на играорците од КУД „Мирка Гинова“ - Демир Капија
После долго време КУД ,,Мирка Гинова" се претстави пред демиркаписката публика со комплетно нов репертоар, во форма на јавен час, подготвен во период од само четири месеци работа. Благодарност за довербата и поддршката беше упатена до Општина Демир Капија, Советот на Општина Демир Капија и Домот на културата ,,Мирка Гинова" Демир Капија. - 30.05 2023Презентирани мерките предвидени со новата IPARD програма
Денес, 30.05.2023 год., во салата на Советот на Општина Демир Капија се одржа презентацијата на мерките предвидени со новата IPARD програма, пред заинтересираните присутни. На информативниот состанок беа разгледани сите опции за аплицирање од страна на присутните и беа појаснети нивните поставени прашања. - 05.05 2023Презентација за иницијативата за прогласување на Гео – парк во Демир Капија
Во просториите на Општина Демир Капија се одржа презентација за иницијативата за прогласување на гео – парк во Демир Капија, пред Советот на Општина Демир Капија, кој ќе биде првиот од ваков тип во државата.