Едукативна работилница за учениците од ООУ „Димче А. Габерот“ Демир Капија

01.06.2023

Во поглед на Меѓународниот ден на децата, во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина „ЕКОСВЕСТ“ од Скопје, поддржан од Општина Демир Капија и ООУ „Димче А. Габерот“, беше одржана едукативна работилница за учениците од основното училиште. Овој вид на неформално образование, богато со интерактивни содржини, ја разбуди свесноста кај најмладите за значењето на нашите природни богатства и потребата од нивна заштита и постојана грижа.


Преку цртежи, сито печати и колажи учениците ги прикажаа своите погледи кон природата и богатствата со кои располага Демир Капија, се забавуваа и научија многу повеќе за својот град. Нивниот труд е изложен во холот на ООУ „Димче А. Габерот“.


Како една од најважните целни групи, ќе работиме постојано на нив правилен развој и обезбедување на светла иднина за сите идни генерации.

Галерија