31.05.2023
После долго време КУД ,,Мирка Гинова" се претстави пред демиркаписката публика со комплетно нов репертоар, во форма на јавен час, подготвен во период од само четири месеци работа. Благодарност за довербата и поддршката беше упатена до Општина Демир Капија, Советот на Општина Демир Капија и Домот на културата ,,Мирка Гинова" Демир Капија.
Методика, анализа, карактеристики и презентација на ора и песни од источното и северното игроорно подрачје беа тема на презентација.
Млада генерација на деца, членови на Куд ,,Мирка Гинова" насмеани, подготвени и целосно посветени достојно си ја завршија дадената задача.
Продолжуваме заедно да ја негуваме македонската традиција