Општински совет

1

Општински совет секција

Sovet

Општински совет

 

Општинскиот Совет е највисокиот орган на одлучување за сите барања во рамките на правата и должностите на општината

 

Надлежности на советот

Надлежности на советот

  • Донесува Статут на општината и други прописи;
  • Донесува Буџет на општината и Годишна сметка на општината;
  • Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на Општината, во рамките утврдени со закон;
  • Основа јавни служби во рамките на надлежноста на Општината и врши надзор над нивната работа;
  • Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
  • Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала Општината;
  • Ги усвојува извештаите за извршување на Буџетот и Годишната сметка на Општината;
  • Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
  • Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала Општината;
  • Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на Општината;
  • Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на Буџетот на Општината, во согласност со закон;
  • Го избира лицето кое раководи со Подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во Општината, во согласност со закон;
  • Го разгледува и усвојува Годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на Општината, кој го доставува до Министерот за внатрешни работи и Народниот правобранител;
  • Може да дава препораки на раководното лице на Подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот;
  • Врши и други работи.

Права и должности

ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ

 

  • Членовите на Советот​ имаат право и должност да присуствуваат и да учествуваат во работата на Советот и на неговите постојани или повремени комисии.
  • Членовите имаат право на седницата на Советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на Градоначалникот.
  • Членот на Советот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Советот.
  • Работодавецот е должен да го ослободи од професионална работа членот на Советот заради присуство на седниците на Советот или комисиите во кој е член.
  • Членовите на Советот имаат и други права и должности утврдени со Статутот и други прописи во согласност со овој Закон.
  • Членот на Советот не може да учествува во процесот на одлучувањето со прашања во кои тој и неговиот брачен другар, дете или роднина до втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес.
  • Членот на Советот е должен да го информира Советот за прашањата за кои тој има финансиски или друг личен интерес.
  • Членот на Советот не може да биде вработен во општинската администрација на Општината во која е избран.
  • Со денот на вработувањето согласно став 3 на овој член ќе се смета дека членот на Советот поднел оставка.
  • Членот на Советот вработен во јавните служби кои ги основала Општината, не може да учествува во процесот на одлучувањето за прашања што се однесуваат на јавната служба во која е вработен.

 

На членот на Советот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран:

  • Ако поднесе оставка;
  • Во случај на смрт;
  • Ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење над 6 месеци;
  • Ако настапи случај на неспојливост со функцијата член на Советот согласно Законот за локалните избори;
  • Ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност и
  • Ако престане да биде жител на Општината.

 

Советот на првата наредна седница, ќе ја констатира причината и денот на престанување на мандатот на членот на Советот.

На членот на Советот може да му биде одземен мандатот ако неоправдано отсуствува од три седници на Советот по ред.

За оправданоста на отсуството од ставот 3 на овој член одлучува Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.

Советници

Андон Крстевски
Претседател на Совет
Општина Демир Капија
Ивана Лазова
Советник
Општина Демир Капија
Трајче Николовски
Советник
Општина Демир Капија
Елизабета Петрова
Советник
Општина Демир Капија
Ефкан Усинов
Советник
Општина Демир Капија
Зоран Стојанов
Советник
Општина Демир Капија
Александар Галапчев
Советник
Општина Демир Капија
Милица Казиева Нацева
Советник
Општина Демир Капија