Општина

Општина Демир Капија

Општина Демир Капија е општина во југоисточна Северна Македонија со седиште во градот Демир Капија. Општина Демир Капија е атрактивен простор за инвестиции со изградена инфраструктура, еколошки чиста средина, развиен туризам и земјоделство, која ги користи своите природни потенцијали, со зголемен број на бизниси преку партнерство со приватниот сектор. Демир Капија е привлечна дестинација за работа и живеење, со комплетна физичка инфраструктура, заштитена природна средина, активен алтернативен и еко - туризам како и промоција на модерно земјоделие.