Политика на интегритет

Општина Демир Капија

Политика на интегритет

Државна комисија за спречување корупција

Државните органи и институции од јавниот сектор во Република Северна Македонија го прифаќаат интегритетот како темел на доброто управување и стратешки и одржлив одговор на корупцијата. Интегритетот е од суштинско значење за економскиот, социјалниот и општествениот просперитет. 

Под интегритет се подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои службените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата во која се одговорно лице, односно се вработени, ги елиминираат ризиците и ги отстрануваат сомневањата во можноста од настанување и
развој на корупција и со тоа обезбедуваат доверба на граѓаните во вршењето на јавните функции и во работата на јавните институции. 

Засилувањето и подигнувањето на интегритетот е заедничка мисија и одговорност на сите институции во системот и на сите нивоа на власт.