за општината - профил на општината

Профил на општината

МЕСТОПОЛОЖБА

Лоцирана во светот

 

Лоцирана во светот

Лоцирана во Европа

 

Лоцирана во Европа
Република Северна Македонија

Локација во Северна Македонија

 

Локација во Северна Македонија
(Вардарски плански регион)

Мапа на Општина Демир Капија

 

Мапа на Општина Демир Капија

Google maps

Општина Демир Капија се наоѓа во јужниот дел на Република Северна Македонија, односно југоисточниот дел на Тиквешката Котлина на исклучително важна географско - стратешка положба. Во подредена смисла, под поимот Тиквешија се подразбираат рамнините од двете страни на реката Вардар, познати како Повардарие, почнувајќи малку северозападно од устието на Брегалница во Вардар на југоисток до устието на Бошавица, потоа долината на Црна Река од крајот и од Тиквешката клисура до вливот во реката Вардар, брановидните терени и речните долини кои се наоѓаат помеѓу реките Црна и Бошава, како и ниските наклонети делови на планините кои ја заградуваат долината од соседните области.​

Градот се наоѓа на 115 метри надморска височина и е оддалечен 19 км јужно од Неготино, 29 км југоисточно од Кавадарци, 35 км северозападно од Валандово, 45 км северно од Гевгелија и 60 км југоисточно од Велес. Општина Демир Капија граничи со соседните општини: Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Валандово и Конче.