Дом на култура - Мирка Гинова
Дом на култура “Мирка Гинова“
Домот на културата „Мирка Гинова“ е основан во 1985 година. Како културна дејност опфаќа поголем број на дејности од областа на културата
Дом на култура - Опис
Ордана Николова
Директор
Адреса: ул. „Маршал Тито“ бр. 11, 1442 Демир Капија
Тел: +389 (0)71 265 777
e-mail: dk_mirkaginova@yahoo.com
Работно време: 05:00 - 17:00 ч.
Фолклорот за прв пат е формиран во 1956 год. под името „Мирка Гинова“, а театарот е формиран во 1963 год. како драмска секција „Мирка Гинова“
- Фолклорна дејност (КУД „Мирка Гинова“ Демир Капија)
- Театарска дејност (Драмски театар „Мирка Гинова“)
* Овие две дејности постоеле уште пред основањето на домот на културата.
- Пејачка група „Мирка Гинова“
- Библиотечна дејност
- Музејска дејност
- Ликовна дејност
Сите дејности активно работат и денес. Библиотеката во склоп на Домот на културата е основана со поддршка од Министерството за култура, а располага со книжен фонд од преку 10.000 наслови.
Дом на култура - Персонал
Персонал
Вкупен број на вработени: 7
- Директор
- Архивар
- Библиотекар
- Археолог
- Драмски соработник
- Соработник во културата
- Благајник
Капацитет
Вкупен број на седишта: 150
Музеј Демир Капија
Музеј Демир Капија
Музејот Демир Капија со одлука на Советот на Општина Демир Капија основан е 2010 година, а со работа започна на 01 Ноември истата година, како Музеј во состав на Дом на културата „Мирка Гинова“ Демир Капија.
Музеј - опис
Цветанка Тодороска - Митрева
Кустос
Адреса: ул. „Маршал Тито“ бр. 11, 1442 Демир Капија
Тел: +389 (0)78 493 893
e-mail: museumdk@gmail.com
Работно време: 08:00 - 16:00 ч.
Подетални информации на:
www.museumdk.mk
Музејот Демир Капија со одлука на Советот на Општина Демир Капија основан е 2010 година, а со работа започна на 01 Ноември истата година, како Музеј во состав на Дом на културата „Мирка Гинова“ Демир Капија. Во својот состав вклучува две одделенија: Винската галерија и Археолошката поставка Цена на влез и тура низ музејот за туристи: Поединечен влезен билет: 50 ден. Групен влезен билет: 30 ден. * За деца до 7 години, деца од домовите без родители, лица со попреченост и социјално загрозени лица - Влезот е СЛОБОДЕН. * Секоја среда влезот за сите е БЕСПЛАТЕН. - Музејското водење е вклучено во цената на билетот.
Музеј - персонал
Персонал
Вкупен број на вработени: 2
Музеј - археолошка поставка
Археолошка поставка
Археолошката поставка се движи по хронолошки редослед тргнувајќи од најстарите предмети од доцно бронзеното време (1100 д.пне) претставено со двата случајни наоди пронајдени при земјоделски активности од локални жители. Тоа се два кантаровидни сада, односно две урни изработени од печена земја и украсени со инкрустрирана бела боја со геометриски мотиви, кои служеле за погребување на покојници со кремација на телото на покојникот.
Преминувајќи преку железнодобските бокали со засечен врат и движејќи се во правец на раноантичката фирнајз керамика украсена со палмети, преку репрезентот познатата Хидрија (Hydria) со претстава на Дионис со баханалии (сад за вода) од крајот на V и почеток на IV век пне., пронајдена крај Варниците во Демир Капија, до тенките вртенести унгвентариуми (unguentarium–lacrimarium) од хеленисичко - македонскиот и римскиот период, преку доцноантичкиот период кој се спојува со раното христијанство и базиликалните архитектонски објекти на локалитетитет Манастир и Црквиште на само околу 1,5 км јужно од нашиот музеј.
Така доаѓаме до средновековниот период со предмети смесетени во витрините сиситематизирани како предмети за секојдневна употреба - алатки, мали железни стрли - оружја за напад, трпезната керамика за конзумирање на храна и течности. Посебно ја издвојуваме витрината во која е сместен средновековниот накит со временска рамка од 12 до 14 век и еден примерок на прстен од почетоците на турското средновековие. Накитот е воглавно изработен од бронза, а некои примероци, на пр. наушниците кои се носеле за украсување на пределот околу слепоочниците и виселе покрај образите, служеле (по верување) за заштита од злите сили и духови, за заштита од болестите и слично.
болестите и слично.
Музеј - винска галерија
Винска галерија
Винската галерија содржински е претставена со предмети кои се поврзани со виното и винската конзумна култура од Тиквешкиот регион и Повардарието - двата вински региони на кои им припаѓа и Демир Капија, како култура и традиција која опстојува со векови наназад на ова подрачје, но и воопшто со европската винската култура прикажана преку разни стаклени и кристални бокали, чаши, шишиња итн.
Нераскинливиот дел од нашата долга и богата винска традиција се дрвените буриња за чување на вино, пресата за грозје, рачната мелница за мелење на грозјето, рачно плетените кошеви во кои се носело набраното грозје, казанот за варење на ракија, ралото за орање на нивите и многу други предмети кои ја раскажуваат винската приказна стара повеќе од две илјади години.
Спортски објекти и простори
Спортска сала и отворено игралиште
Спортска сала и отворено игралиште
(во склоп на ООУ Димче А. Габерот)
Затворената спортска сала е во склоп на ООУ „Димче Ангелов Габерот“ Демир Капија, заедно со отворено игралиште за мал фудбал, кошарка и ракомет. Салата е целосно опремена со терен за мал фудбал, кошарка и ракомет, а дополнително е поставен и вештачки ѕид за спотско качување, заедно со јажиња за качување.
За сите ученици ги има потребните реквизити за успешна реализација на предметот по физичко образование. Спортската сала и отвореното игралиште се целосно осветлени со можност за користење во текот на целиот ден.
Повеќенаменско игралиште
Повеќенаменско игралиште
Повеќенаменското игралиште се наоѓа во Градскиот парк покрај река Бошава. Во него се вклучени комбинирани 4 терени за кошарка, терен за мал фудбал и терен за ракомет.
Повеќенаменското игралиште е целосно осветлено и лесно пристапно. Во непосредна близина се наоѓа и детско игралиште со реквизити за најмладите.
Стадион во изградба
Фудбалски стадион
(изградба во тек)
Новиот фудбалски стадион во Демир Капија се гради по најсовремени стандарди и прописи, во близина на Градскиот парк. Стадионот е со димензии 109 х 70 метри, со соодветни трибини, а во наредните фази се предвидени за изградба и помошни објекти.
Наскоро сите ќе имаат можност да тренираат во одлични услови и да ги градат своите фудбалски кариери на соодветен начин.