Музеј - археолошка поставка

Археолошка поставка​

Археолошката поставка се движи по хронолошки редослед тргнувајќи од најстарите предмети од доцно бронзеното време (1100 д.пне) претставено со двата случајни наоди пронајдени при земјоделски активности од локални жители. Тоа се два кантаровидни сада, односно две урни изработени од печена земја и украсени со инкрустрирана бела боја со геометриски мотиви, кои служеле за погребување на покојници со кремација на телото на покојникот.

Преминувајќи преку железнодобските бокали со засечен врат и движејќи се во правец на раноантичката фирнајз керамика украсена со палмети, преку репрезентот познатата Хидрија (Hydria) со претстава на Дионис со баханалии (сад за вода) од крајот на V и почеток на IV век пне., пронајдена крај Варниците во Демир Капија, до тенките вртенести унгвентариуми (unguentarium–lacrimarium) од хеленисичко - македонскиот и римскиот период, преку доцноантичкиот период кој се спојува со раното христијанство и базиликалните архитектонски објекти на локалитетитет Манастир и Црквиште на само околу 1,5 км јужно од нашиот музеј.

Така доаѓаме до средновековниот период со предмети смесетени во витрините сиситематизирани како предмети за секојдневна употреба - алатки, мали железни стрли - оружја за напад, трпезната керамика за конзумирање на храна и течности. Посебно ја издвојуваме витрината во која е сместен средновековниот накит со временска рамка од 12 до 14 век и еден примерок на прстен од почетоците на турското средновековие. Накитот е воглавно изработен од бронза, а некои примероци, на пр. наушниците кои се носеле за украсување на пределот околу слепоочниците и виселе покрај образите, служеле (по верување) за заштита од злите сили и духови, за заштита од болестите и слично.

болестите и слично.