Сектор за урбанизам, комунални дејности, заштита на животна средина и ЛЕР

Општина Демир Капија

Надлежности на секторот

Секторот за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и локален економски развој ги врши работите поврзани со урбанистичкото (урбано и рурално) планирање, издавање на одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со закон. Уредување на просторот и уредување на градежното земјиште.

Заштита на животната средина, мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето и друг вид на заштита, ја спроведува политиката за локален економски развој согласно програмите на советот и градоначалникот на општината; врши и други работи од надлежност на општината поврзани со урбанизмот,комуналните работи,заштита на животната средина, локалниот економски развој и информатичката технологија.​

Тони Петков

Тони Петков
Department for Legal, Economic and General Affairs
Head of Department for Nature Conservation

Документи од урбанистички карактер

Документи од урбанистички карактер

Извод од урбанистички план

За издавање на Извод од урбанистички план се поднесува барање (готов образец се добива во општината) и прилози, односно:

  1. Копија од катастарски план за катастарска парцела
  2. Имотен лист
  3. Потврда за платени административни такси

 

Одобрение за градење

Барање во електронска форма

За Одобрение за градење се поднесува:

  1. Архитектонско - урбанистички проект заверен од надлежен орган, доколку со урбанистичкиот план или урбнистичко планската документација е предвидена изградба на овој проект, односно проект за инфраструктура, доколку барањето се однесува за линиски инфраструктурни градби;
  2. Основен проект со извештај за ревизија на основниот проект или писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект, доколку истиот е изработен во странство како и позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата;
  3. Идеен проект доколку истиот претходно е доставен и одобрен;
  4. Доказ за право на градење;
  5. Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште;
  6. Доказ за платени административни такси.

Надлежните служби го утврдуваат надоместокот за уредување на градежно земјиште.

​Рокот за издавање на одобрението за градење е 5 работни дена од доставување на доказ платен надоместок за уредување на градежно земјиште односно од денот на склучување на договор за начин на плаќање. Одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно.

 

Решение за одобрување на измена во текот на изградбата

Барање во електронска форма

За Решение за одобрување на измена во текот на изградбата се поднесува:

  1. Анекс / Дополнување на основниот проект со извештај за ревизија;
  2. Само оние потврди и согласности чие прибавување произлегува од бараната измена;
  3. Доказ за платени административни такси.

 

Промена на инвеститор

Барање во електронска форма

За Решение за промена на инвеститор се поднесува:

  1. ​Известување за статус на инвеститор;
  2. Доказ дека има статус на инвеститор;
  3. Доказ за платени административни такси.

 

Одобрение за подготвителлни работи

Барање во електронска форма

За Одобрение за подготвителни работи се поднесува:

  1. Проект за подготвителни работи;
  2. Согласности, мислења и докази за регулирање на имотно - правни односи за замјиштето на кое ќе бидат поставени градбите за подготвителни работи.

 

Одобрение за поставување на времен објект

Барање во електронска форма

За Одобрение за поставување на времен објект се поднесува:​

  1. Договор за краткотраен закуп на градежното земјиште склучен согласно со Закон;
  2. Имотен лист за предметното земјиште;
  3. Идеен проект за поставување на времен објект изработен согласно микролокациските услови
  4. Доказ за платени административни такси.

 

Одобрение за употреба

Барање во електронска форма

За Одобрение за употреба се поднесува:​

  1. Основен проект, а доколку се извршени измени во текот на изградбата проект на изведена состојба;
  2. Завршен извештај од надзорниот инженер со кој е потврдено дека градбата е изградена согласно со основниот проект и одобрението за градење;
  3. Извадок од јавната книга за запишување на правата на недвижностите за последната состојба на запишаните права на градбата (имотен лист), заради утврдување на правниот однос во врска со градбата меѓу инвеститорот и сопственикот на земјиштето;
  4. Доказ за платени административни такси.

Рок за издавање на одобрението за употреба е 15 дена од денот на извршениот технички преглед, ако комисијата која го извршила техничкиот преглед во записникот констатира дека градбата може да се даде во употреба.

 

Одобрение за пренамена, адаптација и реконструкција

Барање во електронска форма

За издавање на Одобрение за пренамена, адаптација и реконструкција се поднесува:

Прилози кон Барањето за пренамена:

  1. Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот односно станот или делот од стан кој е предмет на пренамена;
  2. Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот;
  3. Основен проект за предвидената пренамена со позитивен извештај на ревизија на истиот;
  4. Извод од урбанистички план или урбанистичко планска документација со кој се потврдува дека објектот на пренамена е предвиден со планската документација;
  5. Доказ за платени административни такси.

Прилози кон Барањето за реконструкција:

  1. Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот;
  2. Имотен лист за објектот предмет на реконструкција или правосилно решение за утврдување на правен статус на бесправен објект;
  3. Основен проект за предвидената реконструкција, со позитивен извештај за истиот.

​Прилози кон Барањето за адаптација:

  1. ​Имотен лист за објектот предмет на адаптација или правосилно решение за утврдување на правен статус на бесправен објект;
  2. Проект за адаптација кој содржи постојна состојба и нова состојба што се предвидува со адаптацијата.

​​Рок за издавање на Одобрение за пренамена, адаптација и реконструкција е 5 работни дена, доколку доставената документација е комплетна.

 

Одобрение за одстранување на објект или негов дел

Барање во електронска форма

За издавање на Одобрение за отстранување на објект или негов дел се поднесува:

  1. Доказ за сопственост на објектот;
  2. Проект за отстранување на објект или негов дел;
  3. Доказ за платени административни такси.

 

Усвоени и предлог урбанистички документи

Листа на одобрени детални урбанистички планови за општина Демир Капија