Винска галерија
Винската галерија содржински е претставена со предмети кои се поврзани со виното и винската конзумна култура од Тиквешкиот регион и Повардарието - двата вински региони на кои им припаѓа и Демир Капија, како култура и традиција која опстојува со векови наназад на ова подрачје, но и воопшто со европската винската култура прикажана преку разни стаклени и кристални бокали, чаши, шишиња итн.
Нераскинливиот дел од нашата долга и богата винска традиција се дрвените буриња за чување на вино, пресата за грозје, рачната мелница за мелење на грозјето, рачно плетените кошеви во кои се носело набраното грозје, казанот за варење на ракија, ралото за орање на нивите и многу други предмети кои ја раскажуваат винската приказна стара повеќе од две илјади години.