На овој состанок учество во работилниците зедоа претставници од Општина Демир Капија, како и претставници од јавни институции и граѓански здруженија од Португалија, Шпанија, Белгија, Италија, Словенија, Хрватска, Полска Чешка, Романија, Бугарија, Кипар, Албанија, Косово и Бразил од каде што беше ангажираната новинарка за модератор и предавач на работилниците.
На работилниците се разговраше како до решенија за справување со ширењето на лажни вести и како да се спротистават организациите и поединците, кои што се креатори на вести, со дезинформациите на интернет. Се дебатираше за потребата од постоење на потранспарентни, кредибилни, независни и разновидени дигитални медиуми во создавањето и десиминацијата на вестите.
Се разговраше за улогата на информациите и новинарството и нивната улога за време на војна.
За време на овој состанок се дебатираше и за градење и подобрувње на медиумската писменост и колку жителите на Европа се едуцирани за препознавање и постапување со лажните и нецелосни вести. Заклучоци од досегашните четири интернационални состаноци во рамките на овој проект ќе бидат донесени на завршната конференција во Брисел кон крајот на август.