за општината - надлежности

Надлежности на општината

Урбанистичко​ (урбано и рурално) планирање

  • Издавање на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со Закон; уредување на просторот и уредување на градежното земјиште.

 

Заштита на животната средина

  • Мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето; заштита на природата; заштита од бучавата и нејонизирачко зрачење.

 

Локален економски развој

  • Планирање на локалниот економски развој; утврдување на развојните и структурните приоритети; водење на локална економска политика; поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекст, учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство.

 

Комунални дејности

  • Снабдување со вода за пиење; испорака на технолошка вода; одведување и пречистување на отпадните води; јавно осветлувањем одведување и третман на атмосферските води; одржување на јавната чистота; собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад; уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници; снабдување со природен гас и топлинска енергија и други.

 

Култура

  • Институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти; негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности; организирање културни манифестации; поттикнување на разновидни специфични форми на творештво.​

 

Спорт и рекреација

  • Развој на масовен спорт и рекреативни активности; организирање на спортски приредби и манифестации; одржување и изградба на објекти за спорт; поддршка на спортски сојузи.​

 

Социјална заштита и заштита на децата

  • Детски градинки и домови за стари лица (сопственост, финансирање, инвестиции и одржување); остварување на социјална грижа за инвалидните лица; деца без родители и родителска грижа; деца со воспитносоцијални проблеми; деца со посебни потреби; деца од еднородителски семејства; деца на улица; лица изложени на социјален ризик; лица засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол.​

 

Образование

  • Основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта, во соработка со централната власт, во согласност со Закон; организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови.​

 

Здравствена заштита

  • Управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост; здравствено воспитување; унапредување на здравјето; превентивни активности; заштита на здравјето на работниците и заштита при работа; здравствен надзор над животната средина; надзор над заразните болести; помош на пациенти со специјални потреби (на пример ментално здравје, злоупотреба на деца итн.) и други болести кои ќе бидат утврдени со Закон.​

 

Заштита и спасување на граѓаните

  • Спроведување на подготовки и преземање на мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разузнавања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.​

 

Противпожарна заштита

  • Противпожарна заштита што ја вршат територијалните противпожарни единици.

 

Надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност и други работи определени со закон