Образование - опис

МЕНЧА НИКОЛОВА

Директор

Адреса: ул. „Маршал Тито“ бр. 11, 1442 Демир Капија
Тел: +389 (0)43 366 202
e-mail: gaberot_dkapija@yahoo.com
ou-dimcheangelovgaberot-demirkapija@schools.mk

 

Подетални информации и документи на:
www.ooudimceagaberot.eu.mk

@gaber.dk

ООУ „Димче А. Габерот“ се наоѓа во центарот на градот, што овозможува одлична пристапност, комуникација и блиска поврзаност со општинскиот центар и останатите објекти од заеднички интерес за учениците и граѓаните.

Во склоп на училишниот комплекс е и зградата на поранешниот училишен интернат која во 2012 год. е целосно реконструирана и преадаптирана за реализација на настава. Исто така, училиштето располага со спортска сала и спортски терени.

Училиштето го слави 12 мај како патронен празник. Работи во една смена, а наставата се одвива на македонски и турски јазик (во подрачното училиште во с. Челевец). Во подрачните училишта наставата се реализира во чисти и комбинирани паралелки од прво до петто одделение.

Во соработка со ОУЦР „Маца Овчарова“ - Велес, за децата со посебни образовни потреби се ангажирани 4 образовни асистенти.