Надлежности на советот

Надлежности на советот

  • Донесува Статут на општината и други прописи;
  • Донесува Буџет на општината и Годишна сметка на општината;
  • Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на Општината, во рамките утврдени со закон;
  • Основа јавни служби во рамките на надлежноста на Општината и врши надзор над нивната работа;
  • Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
  • Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала Општината;
  • Ги усвојува извештаите за извршување на Буџетот и Годишната сметка на Општината;
  • Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
  • Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала Општината;
  • Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на Општината;
  • Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на Буџетот на Општината, во согласност со закон;
  • Го избира лицето кое раководи со Подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во Општината, во согласност со закон;
  • Го разгледува и усвојува Годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на Општината, кој го доставува до Министерот за внатрешни работи и Народниот правобранител;
  • Може да дава препораки на раководното лице на Подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот;
  • Врши и други работи.