Благој Јовановски е роден на 23.06.1992 год.
Своето досегашно образование го завршува во 2017 година, како Магистер на економски науки, насока Финансиски менаџмент на Економскиот факултет во Скопје.
Работното искуство го започнува во 2016 година, како Финансиски службеник преку проект финансиран од ЕУ ИПА Компонента III Развој на човечки ресурси, во Општина Демир Капија. Понатаму, во 2017 година, продолжува како вработен во Општина Демир Капија, на работно место Соработник за извршување на буџетот, па е унапредуван во Советник за буџетска контрола и аналитика и Раководител на одделение за буџетска координација и буџетска контрола, се до сегашната позиција на Секретар на Општина Демир Капија, која ја извршува од 2022 година.
Досега се има стекнато со неколку сертификати како: Сертификат за напредно ниво англиски јазик C1 - издаден од Cambridge Assessment English, Сертификат за Овластено лице за јавни набавки - издаден од Министерството за финансии - Биро за јавни набавки и Сертификат за Овластен сметководител - издаден од Институт на сметководители и овластени сметководители на Северна Македонија.
Има одлично познавање од компјутерски вештини како: Word, Excel, PowerPoint, Access, MS Project, SAP, ERP и Cloud Computing.
Се одликува со одлични лични, организациски и социјални вештини и способности како: одговорност, организираност, комуникативност, флексибилност, посветеност, одлучност, соработка и работа во тим, способност за индивидуално работење, проценка на приоритетни задачи, брзо и навремено извршување на задачите.