Улици под обврска на ЈКП “Бошава“
1. СОБИРАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД И СМЕТ
- Понеделник: Излетничко место „Дошница“, Живинарска фарма „Салмак“, с. Чифлик, Специјален завод „Демир Капија“, сите контејнери во град Демир Капија, Винарска визба „Вила Марија“, Хотел „Вердисо“, Винарска визба „Попова Кула“, ул. „Борис Кидрич“, Бензинска пумпа „Макпетрол“, ул. „Тиквешка“, дел од ул. „Даме Груев“, ул. „Орце Николов“, ул. „Наум Наумов“ и ул. „Кирил и Методиј“.
- Вторник: с. Прждево, Бензинска пупма „Детоил“, ул. „Димитар Влахов“, дел од ул. „Даме Груев“, ул. „Партизанска“ и ул. „Партизанска - 2“.
- Среда: с. Корешница и с. Бистренци.
- Четврток: ул. „Јане Сандански“, ул. „11 Октомври“, ул. „Маршал Тито“, ул. „8ми Март“, ул. „Питу Гули“ и ул. „Илинденска“
- Петок: ул. „29ти Ноември“, ул. „Првомајска“, ул. „Гоце Делчев“, Полициска станица, Стари градски гробишта, Нови градски гробишта, Винарска визба „Вила Марија“, Хотел „Вердисо“ и Винарска визба „Попова Кула“.
* ЗАБЕЛЕШКА: Контејнерите поставени околу Маркетите „Жито“ и „Дијана“, како и сите останати контејнери во потесното централно подрачје на градот се празнат СЕКОЈДНЕВНО.
* Планот за собирање на комунален отпад и смет може да претрпи измени доколку се зголеми количината на отпад.
Распоред за метење на улиците
2. МЕТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ
2.1. МЕТЕЊЕ НА УЛИЦИ
Метењето на улиците се врши секој ден, освен недела и тоа:
- 04:00 – 10:00 часот во летниот период
- 07:00 – 13:00 часот во зимскиот период
Истовремено ЈКП „Бошава“ е должно да ги празни кантите за отпадоци поставени на овие јавно - прометни улици:
- ул. “Маршал Тито” – од спојот со ул. “Првомајска” до спојот со ул. „11 Октомври“ (почеток на плоштад - пешачка зона) – 255 m2;
- ул. „Маршал Тито“ - од крај на плоштад - пешачка зона до Стар мост на река Бошава - 762 м2;
- ул.”11ти Октомври” – од спојот со ул. “Маршал Тито” (кај каналот) до првото вркрстување, паралелно со станбената зграда до вкрстувањето со улицата паралелно со Спортската сала, вклучувајќи ја и оваа улица, до повторно вкрстување со ул. „Маршал Тито“ - 2.500 м2.
Еднаш месечно метење се врши на следниве улици:
- ул.”Партизанска” од спојот со ул.”Маршал Тито” до спојот со ул. “Даме Груев” – 3600 m2;
- ул. “Првомајска” од вкстување со ул. “Маршал Тито” до црквата – 3300 m2.
ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ
3. МЕТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПАРКИНГ ПРОСТОРИ
Постоечките обележани паркинг простори кои што се во склоп на ул.”Маршал Тито” се метат истовремено со улицата и нивните површини се искажани збирно во површините за метење на улиците.
4. МЕТЕЊЕ НА ПЛОШТАДИ И МОСТОВИ
- Централен плоштад - пешачка зона - 5.079 м2;
- Стар мост на река Бошава (пешачки тротоари и дел од коловоз) - 340 м2;
- Нов мост на река Бошава (пешачки тротоари и дел од коловоз) - 270 м2.
5. МЕТЕЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР
Метењето на градскиот пазар се извршува секој петок 12:00 - 14:00 часот и во сабота по завршување на пазарниот ден.
6. ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА
Чистењето и одржувањето на градските гробишта се врши согласно Одлуката за управување и одржување на градските гробишта. Генерално чистење и одржување на градските гробишта се врши една седмица пред верските празници Прочка, Велигден, Задушница и Голема Богородица.
7. МИЕЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ
Миењето на јавните површини се врши со автоцистерна во периодот од 1 Април до 31 Октомври, 22:00 - 06:00 часот, според следниот редослед:
- ул. „Маршал Тито” – од спојот со ул. “Првомајска” до спојот со ул. „11 Октомври“ (почеток на плоштад - пешачка зона) – 255 m2;
- ул. „Маршал Тито“ - од крај на плоштад - пешачка зона до Стар мост на река Бошава - 762 м2;
- ул.”11ти Октомври” – од спојот со ул. “Маршал Тито” (кај каналот) до првото вркрстување, паралелно со станбената зграда, до вкрстувањето со улицата паралелно со Спортската сала, вклучувајќи ја и оваа улица, до повторното вкрстување со ул. „Маршал Тито“ - 2.500 м2.
8. РАЧНО ЧИСТЕЊЕ НА СНЕГ И МРАЗ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ
Во зимскиот период се задолжува ЈКП „Бошава“ Демир Капија да врши рачно чистење на снег и мраз (во ширина на пешачки патеки), од следните јавно - прометни површини:
- Пешачките тротоари по улиците „Маршал Тито“ и „11 Октомври“;
- Централен плоштад „Маршал Тито“;
- Пешачките тротоари по Стар мост на река Бошава;
- Пешачките тротоари по Нов мост на река Бошава.
9. ВОНДРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
ЈКП „Бошава“ е должно да постапува по издадените решенија од општинскиот комунален инспектор за чистење на дивите депонии и јавни површини, кои се надвор од Програмата за јавна чистота, а кои се загадени. Ј.К.П. Бошава е должно да врши чистење на просторот веднаш по завршувањето на манифестациите кои што ги организира Општина Демир Капија.