Престанок на мандатот

ПРЕСТАНОК НА МАНДАТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

На Градоначалникот му престанува мандатот по сила на закон:

  • ​Ако поднесе оставка;
  • Во случај на смрт;
  • Ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење над шест месеци;
  • Ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност;
  • Ако настапи случај на неспојливост за вршење на функцијата согласно со Законот за локални избори;
  • Во случај на неоправдано отсуство подолго од шест месеци и ако престане да биде жител на општината.

​За оправданоста на отсуството одлучува Советот, со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на Советот. Членот на Советот кој го заменува Градоначалникот, во рок од 15 дена од денот на настапувањето на еден од случаите погоре е должен за тоа да го извести министерството надлежно за работите што се однесуваат на локалната самоуправа.

​Министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа, во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето ја известува Владата на Република Северна Македонија, која во рок од еден месец од денот на приемот на известувањето, констатира дека настапил еден од погоренаведените случаи и истовремено иницира постапка за распишување нови избори за градоначалник, во согласност со закон.

​Советот, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на одлуката на Владата, ќе избере еден од членовите на Советот кој ќе ја врши должноста на градоначалникот за периодот до изборот на нов градоначалник, на начин на кој се избира претседател на Советот. На членот на Советот му мирува функцијата член на Советот за времето на вршењето на должноста Градоначалник. Изборите нема да се спроведат доколку до новиот изборен период има помалку од шест месеци.