Биографија на градоначалникот

БИОГРАФИЈА

Градоначалникот Лазар Петров е роден на 17.02.1983 год. во Неготино.

  • ​Основно образование завршува во ООУ „Димче А. Габерот“ Демир Капија, а средно образование во СОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино, во билингвална паралелка на француски јазик.
  • Високото образование го продолжува на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со звањето Дипломиран преведувач по француски и англиски јазик, а поминува и две години во Франција каде се усовршува во областа на хотелиерството и винскиот туризам.
  • ​Од млади години се занимава со спорт, поточно кошарка, а бил член и на драмската и играорната група при Домот на културата „Мирка Гинова“ Демир Капија.
  • ​Професионалната кариера ја започнува во 2009 година во Винарската визба „Попова Кула“ како менаџер на вински туризам. 
  • ​Моментално ја извршува функцијата Претседател на ОО СДСМ Демир Капија.
  • По победата на локалните избори во 2017 година станува Градоначалник на Општина Демир Капија од редовите на СДСМ и сеуште ја извршува истата функција.
  • ​Карактеристики со кои се одликува: човек кој во целост е посветен на градот и своите сограѓани, голем хуманист, визионер, одличен менаџер, истраен и одлучен во реализирањето на поставените цели, но пред се искрен пријател.