Урбанизам и сообраќај
Одделението за урбанизам, градежништво, станбени работи и заштита на животната средина ги врши сите работи поврзани со уредување на просторот, спроведување на планската документација, стручно следење на степенот на реализација на урбанистичките планови и покренување иницијативи за нивно изменување и дополнување, издавање на локациски услови и одобренија за градба на објекти од локално значење утврдени со закон, ги следи и планира потребите за домување на подрачјето, согласно Законот за домување предлага годишна програма и превзема мерки и активности за нејзина реализација, во согласност на Законот за домување донесува мерки за спречување од загадување на животната средина и просторот води постапка за издавање на интегрирани дозволи и спроведување на законите од областа на животната средина, врши и други работи кои ќе му бидат доверени во негова надлежност.